Tags: ,
Red Dot награда за Opel Astra

Opel Astra доби Red Dot награда за својот дизајн

» На Opel Astra ѝ успеа да го импресионира и меѓународното стручно жири на Red Dot наградите составено од 43 експерти, кое оваа година на компактниот бестселер од Риселсхајм му ја додели наградата во категоријата за дизајн на производи. Оваа награда се приклучува во широката листа на признанија на Astra – меѓу другите ја освои наградата „Златен управувач“, беше прогласен и за семеен автомобил, а независното стручно жири ја изгласа за германски компактен автомобил на годината. „Нашата филозофија за смел и елегантен дизајн навистина се истакнува кај најнова генерација на Opel Astra. Како и секој нов модел на Opel, Astra доаѓа со експресивното лице на брендот Opel Vizor и комбинира иновативна технологија со емотивен дизајн. Ние, исто така, ја развивме патничката кабина според овој принцип. Целосно дигиталниот Pure Panel може да се управува интуитивно и е фокусиран на најважните работи“, изјави потпретседателот за дизајн на Opel, Марк Адамс.

Сегашната генерација на Astra ја проширува долгата низа признанија со наградата Red Dot за Opel. Како еден од најголемите светски конкурси за дизајн кој не се спроведува како натпревар туку преку индивидуален тест на производот, Red Dot повеќе од 60 години го препознава иновативниот дизајн во повеќе категории. Годинава стручното жири оценуваше производи од 60 земји.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *