Tags:
Volkswagen ќе произведува патнички дронови

Кому му треба ова?

» Профитите од продажбата на автомобили очигледно не се доволни за апетитите на акционерите, заради што производителите постојано бараат нови начини да заработат што повеќе пари. Нивното лого го има насекаде – на облека, парфеми, велосипеди, електрични тротинети, а наскоро и на патнички дронови, за кои се реши Volkswagen. Кинеската филијала на народната марка реши да навлезе и во овој бизнис претставувајќи дрон со шармантно име Flying Tiger. Станува збор за електричен авион кој вертикално полетува и слетува, има 8 ротори свртени нанагоре и 2 пропелера и изгледа како мешавина на дрон и хеликоптер. Долг е 11,2 метри, а ќе може да превезе четири патници до 200 km. Засега е само прототип, но се очекува веќе при крајот на наредната 2023 година да биде целосно функционален бидејќи програмата за вакви беспилотни летала е започната уште пред две години.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *