Со софистицирани доработки до подобро чувство во возењето
» Претставувајќи го Hilux GR Sport, Toyota успешно ги спои робусниот пикап и спортскиот имиџ што го додава Gazoo Racing. Верзијата наменета за Европа е малку поинаква од оние што се продаваат во Јапонија и Тајланд, а сосема различна од стандардната. Како инспирација има послужено моделот за релито Дакар и има нова саќеста маска со сјајна црна рамка и светлосна група во ЛЕД технологија. Тркалата се од 17 инчи и стандардно со груби теренски пневматици, за да се истакне посебно ревидираното ослонување кое би требало би овозможи подиректно управување и воопшто подобра возна динамика. Измени има и во кабината каде сега се среќаваат спортски седишта делумно обложени со кожа и прошиени со црвен конец, алуминиумски педали, инсерти од лажен карбон на арматурната табла… Под хаубата е стандардниот 2,8 литарски дизел со 204 KS и 500 Nm кои се испорачуваат на сите тркала преку шестстепен автоматски менувач. Продажбата ќе започне налето, а цените ќе бидат познати непосредно пред тоа.