Tags: ,
Новиот Ford Mustang за година ипол

Ќе се почека малку…

» Појавувањето на нова генерација на Mustang е исто како национален празник за љубителите на американското пони, но тие ќе почекаат малку на него – според свежо протечените информации, Ford го подготвува за средината на наредната 2023 година или некој месец порано, како модел за 2024-тата. Едно време беше прашање и дали Mustang воопшто ќе опстане – тој остана единствено возило што Ford го продава во САД а не е пикап или SUV, а и одличната продажба на неговиот електричен истоименик му ги замати сметките. Сепак наследството што го има оставено е длабоко врежано во американската автомобилска култура за да може да се игнорира и за неговата судбина да се размислува чисто емпириски, без емоции. Понудата на агрегати треба да остане иста, иако ќе бидеме изненадени ако Mustang не добие хибридна верзија – каква, никој не знае. Порано се споменуваше и изведба со погон на сите четири тркала, која, иако сé не е исклучена, тешко е веројатна. Но затоа Ford лесно може да се дрзне и во него да го вгради масивниот 7,3 литарски агрегат развиен за големиот Super Duty камионет.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *