Tags: , ,
Toyota Corolla Cross пристига и во Европа (фото-галерија)

Меѓу C-HR и RAV-4

» Со Corolla Cross, Toyota влегува и во моментално најбараниот SUV-сегмент. На нејзините творци им преостана само да го подготват моделот и за европскиот пазар. Амбициите се големи и за да ги остварат тој е нешто различен од глобалната и верзијата за САД. Најголемата разлика е во погонската група која за Европа е хибридна, од новата генерација. Основата е дволитарски бензински мотор спарен со еден или два електромотора за верзиите со погон само на предните или на сите четири тркала. И во двата случаи максималната моќност изнесува 197 коњски сили, кои се пренесуваат преку безстепена CVT трансмисија. Освен забрзувањето до 100 km/h за 8,1 секунда, другите податоци не се познати од проста причина што во продажба ќе се најде дури наесен идната година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *