Tags: , ,
Toyota Corolla – првите 50 милиони (со видео)

Јубилеј кој тешко може да се достигне

» Corolla се појави пред 55 години како одговор на во тоа време големата побарувачка на мали приватни автомобили во Јапонија. Постојано унапредувајќи го во согласност со барањата на купувачите, Toyota за кратко време успеа овој модел да го направи светски бестселер и тој денес е најпродаван автомобил глобално. Со текот на времето растеше, менуваше класи, изведби и погонски мотори, а од него се раздвои и Auris, но сепак остана неприкосновен владетел на светските патишта на кои досега се имаат истркалано 50 милиони примероци. Toyota скромно, со само едно соопштение извести за овој успех, сметајќи со право дека оваа бројка е доволен показател за сите квалитети на Corolla, која денес се произведува во 12 фабрики од чии монтажни ленти на секои 28 секунди се симнува по еден примерок.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *