Tags: ,
Jeep Wrangler Rubicon 392

Ново срце за пустоловецот

» Купувачите на Jeep одамна бараат нешто навистина големо под хаубата. Не станува тука збор само за демонстрација на теренски капацитети туку можеби уште повеќе за имиџ со кој би предизвикале завист кај соседите. И конечно им е удоволено – во Wrangler Rubicon е вграден Hemi V8 од 450 KS и 610 Nm. Зошто 392 во името? Бројката ја означува големината на 6,4 литарскиот мотор во кубни инчи. Во механичката екипа се вклучени и 8-степен менувач, блокирачки диференцијали на двете оски, подигнувачи на каросеријата од Mopar и уште цела низа компоненти со високи перформанси. Клиренсот од големите 33,6 cm делумно се должи и на специјалните теренски тркала. Очекувањата од Wrangler Rubicon 392 се големи, а такви се и теренските можности. Цената му е поставена на 77.055 долари, повеќе од двојно од регуларниот Wrangler Rubicon.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *