Tags: ,
Hafencity Riverbus (видео)

Туристичка атракција во Хамбург

» Со брод или автобус – тоа е прашањето што голем дел од туристите си го поставуваат кога, на пример, ќе сакаат од Охрид да отидат до Свети наум. А одговорот всушност е едноставен – со помош на едно вакво возило ќе отидат со брод, а ќе се вратат со автобус. На пат Riverbus се однесува како и секој друг автобус бидејќи да основата му е камионска шасија која од долната страна е затворена со бродско корито, заради што во вода се користи како пловило, достигнувајќи брзина до 8 јазли односно 15 километри на час. Замислата за ова возило му дојде на ум на трговецот, автобуски ентузијаст и морнар Фред Франкен, кога при една негова дамнешна посета на Сингапур видел нешто слично. Патот од идејата до реализацијата беше тежок бидејќи германските сообраќајни прописи не дозволуваат превоз на патници со амфибиски возила, па добивањето на сите дозволи беше вистински предизвик. Се чини дека полесен дел беше конструкцијата на возилото кое е поставено на шасија од MAN, а коритото и каросеријата се изработени во Унгарија. Уште еден предизвик претставува одржувањето, бидејќи за тоа се потребни високостручни кадри кои еднакво добро се снаоѓаат и со пловила и со друмски возила. Цената за едно туристичко возење низ градското јадро на Хамбург во траење од еден час и десет минути чини 35 евра.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *