Tags: , , ,
Škoda 1000 MB (1964-1969) – фото галерија, видео

Напредна и функционална семејна лимузина

» Škoda 1000 MB ја означи пресвртницата во историјата на чешката марка. За неа беше изграден сосема нов погон во Млада Болеслава, откаде се и буквите во нејзината ознака. Тоа беше напреден и функционален семеен автомобил со независно ослонување. Освен назад сместениот мотор со алуминиумски блок и максимални 37 коњски сили, симпатичната и помалку рустикална лимузина имаше и други интересни решенија. На пример под предниот багажник од 220 литра се наоѓаше посебна преграда за резервното тркало, така што не требаше да се вади багажот за да се дојде до него. Зад задните седишта се наоѓаше уште еден помал простор за багаж, а грлото на резервоарот за гориво беше скриено зад амблемот на марката на предното крило. Од април 1964 до август 1969 година беа произведени 440.639 примероци од кои повеќе од половината за извоз.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *