Tags:
Каде има најмногу сообраќајни камери?

Насмејте се, ве снимаат

» Според статистиките, во Европа најмногу сообраќајни камери кои ги ловат брзите возачи има во Русија – дури 18.413 низ целата земја. Од другите држави најмногу полициски камери се во функција во Италија, каде ги има точно 11.098. Доста далеку зад неа е Велика Британија со 7.722 камери, а следат Германија со 4.685 и Франција со 3.682. Понатаму на списокот се Белгија, Шведска, Шпанија, Турција, Австрија, Чешка, Финска, Холандија, Полска, Швајцарија

Што се однесува до висината на казните за брзо возење на автопат, најстроги се законодавците во Норвешка каде има 580 километри автопатишта на кои ограничувањето е 110 km/h – минималната казна изнесува неверојатно високи 711 евра. Далеку, многу далеку се Холанѓаните (2.793 km, 120 km/h) со 186 евра и Италијанците (7.556 km, 130 km/h) со 143 евра. Од друга страна, пак, брзите возачи најевтино ќе поминат во Чешка (19 евра) и Албанија (20 евра), колку што е и кај нас.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *