Tags: , ,
Volvo серија 200: Шведска икона (фото-галерија)

Автомобилот кој ја дефинираше шведската марка

» Ако прашате некој добар познавач на автомобилите кој е најкарактеристичниот модел на Volvo, како од топ (иако е поисправно да кажеме како од тенк) ќе ви одговори 240. Оваа лимузина најсериозно од сите ја дефинираше шведската марка. Претставена во август 1974 како замена за серијата 140, беше базирана на неа. Сепак во голема мерка ја надмина, но ја надмина и надживеа и својата замена серијата 700 и останувајќи во производство една година после неа стана најуспешен модел на шведската компанија кој се произведуваше 19 години и доживеа тираж од 2.862.573 примероци.

Лансиран со големи аспирации за европскиот и американскиот пазар, овој модел беше прецизно замислен и строго поставен на истиот рецепт како и претходникот. Од него ја наследи и номенклатурата за означување – првата бројка беше карактеристична за него, втората го означуваше бројот на цилиндрите (4 или 6), а третата бројот на вратите (2, 4 и за караванот 5). Солидната должина од 4,9 метри распоредени во облик на цигла обезбедуваше доверба на прв поглед како во квалитетот така и во безбедноста која беше истакната со масивниот и долг преден дел и предимензионираните браници. Дека првиот поглед не лаже докажуваа дијагоналните засилувања  во вратите и други безбедносни карактеристики, а препознатливи беа и решеткастите наслони за глава на предните седишта. Безбедноста на овој модел на Volvo беше верифицирана и на изискувачкиот американски пазар на кој при крајот на дведецениската кариера беа прогласен за автомобил кој имал најмалку несреќи со трагичен исход.

Серијата 240 на почетокот се опремуваше со дволитарски мотори од стариот 144 со брегаста оска во блокот и 82 коњски сили кој набргу беше заменет со нова посовремена серија со работна зафатнина од 1.986, 2.127 и 2.316 cm³ со силина меѓу 97 и 123 коњи. За серијата 260 беше резервиран V6 моторот со зафатнина од 2.664 cm³ и 136 KS заеднички развиен со Peugeot и Renault. Палета беше збогатена и со пет и шест цилиндрични дизел мотори од Volkswagen со 68 и 82 KS. Овој модел најпрепознатлив беше во својата караванска изведба, а посебно беше интересен статусниот купе со две врати 262C кој го дизајнираше и произведуваше Bertone.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *