Водородот напомош на струјата
» Компактниот моноволуменец на Renault заминува во историјата, а на неговото место доаѓа нов модел, концептно наречен Scenic Vision. Но овој електричен кросовер кој користи многу дизајнерски елементи на Megane E-Tech крие голема новост – на струјата на помош ѝ дојде водородот. Освен визуелните референци и технологијата е од веќе постоечкиот електричен модел – електромоторот од 215 KS е во комбинација со помалата од достапните батерии со капацитет од 40 kWh, а во преостанатиот простор под подот на возилото е сместен систем горивни ќелии од 16 kW кој ја произведува струјата за нивно полнење.
Објаснувајќи ја оваа технологија Renault напоменува дека ја продолжува автономијата на електричните автомобили, но засега нема детали за неа и што точно всушност ќе донесе. Затоа кога е збор за серискиот модел што ќе произлезе, не треба да се смета на неа туку Scenic Vision ќе стане обичен електричен кросовер, во многу нешта сличен на Megane со кој ја дели истата CMF-EV платформа. Но далеку попростран – концептот е за скоро 30 cm подолг и 13 cm поширок од него, а меѓуоскиното растојание му е поголемо за 15 cm. На пазарот треба да се појави за околу две години.