Tags: ,
Renault Projet 900 (1959)

Што е напред, а што назад?!

» Овој целосно уникатен, визуелно збунувачки и еден од најчудните концепти во автомобилската историја се водеше како Projet 900 и Французите никогаш немаа намера да го доведат до сериски производство. Изгледа како оптичка илузија и не обидувајте се да погодите што е напред а што назад, бидејќи ќе згрешите – тоа што мислите дека е напред всушност е назад, но не е багажник туку простор за моторот, кој пак е почуден дури и од самиот автомобил бидејќи е составен од два четирицилиндрични агрегати од Dauphine и од своите V8 цилиндри со вкупна зафатнина од само 1,7 литри испорачува 80 коњски сили на задната оска, онаа што мислите дека е предна.

Овој концепт со абнормален дизајн настана во 1959 година како резултат на истражувањата на Renault за нови решенија за такси возилата. Заради тоа што нема зони на гмечење и багажник безбедноста и практичноста му се дискутабилни, но не и пространоста – со ваквото решение просторот во внатрешноста е максимизиран и во неа има шест седишта, по три во еден ред. Сепак, иако целокупната идеја беше надвор од сферата на нормалноста, ги смени перспективите на луѓето за тоа како може да се обликува еден автомобил.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *