Tags: , ,
Honda и GM заеднички ќе произведуваат поевтини електрични возила

Со заеднички сили до поевтини возила

» Honda и General Motors ги прецизираа деталите за својата соработка која ја најавија во септември 2020-тата – Американците и Јапонците заеднички ќе произведуваат пристапни електрични возила, и тоа во милионски серии, со главен фокус на компактните кросовери. Ќе ја делат платформата, наредната генерација на Ultium која ќе ја развива GM, но ќе се разликуваат по технологиите и дизајнот. Планирано е производството на новите електрични модели да започне во 2027 година, најпрво во САД а потоа и во Јужна Америка и Кина, со цел заедничката програма да стане глобална. Дополнително, GM и Honda ќе ги истражат можностите за соработка на полето на батериските системи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *