Велат, возилата исти би биле
» Глобализацијата навлезе и во плановите на Porsche – покрај развојниот центар во Шангај, германскиот производител на спортски и луксузни возила ќе гради фабрика во Малезија. Таа треба да функционира во партнерство со компанијата Sime Darby Berhad, која е дистрибутер на возилата на Porsche повеќе од деценија. Според најавите, производството (всушност монтажата) кое ќе започне идната година ќе се врши паралелно со веќе воспоставената мрежа производствени погони во Европа, а секое возило ќе мора да ги задоволи истите строги стандарди и помине истите тест процедури како и европските автомобили. Во Porsche очекуваат овој погон да ја засили нивната позиција на пазарите во југоисточна Азија. Не е објавено кои модели ќе се монтираат.