Tags: , , ,
FSO Polonez (1978-2003) – 8*видео

Успешен пример за компромис меѓу желбите и можностите

» Во ’70-тите години Полјаците започнаа со потрага по нов помодерен автомобил со кој ќе ја прошират палетата и кој со текот на времето ќе го истисне од продукција Polski Fiat 125p. Изборот падна на сосема автентичен модел базиран на Fiat-овиот прототип ESV 2000 развиен како еден од серијата безбедни автомобили, а името Polonez беше избрано на конкурс од страна на читателите на еден влијателен весник. Изработен од Џорџето Џуџаро и Валтер да Силва, новиот полски автомобил беше конструиран толку цврсто за да ги задоволи американските и европските безбедносни стандарди, што беше еден од условите за негов извоз.

Но тој сепак како компромис меѓу желбите и можностите беше поставен на механиката од 125p, кој иако имаше каросерија од Fiat 125 сепак водеше корени од стариот Fiat 1300. Тоа му даде габарити 4.272×1.651×1.420 mm со релативно кратко меѓуоскино растојание од 2..509 mm и тежина од за тоа време масивни 1.115 kg. Изгледаше модернистички но концепцијата му беше класична, со надолжно поставен мотор и погон на задните тркала со крута задна оска. Коефициентот на отпор на воздухот од 0,35 беше сосема солиден, а внатрешноста беше современо изведена. Иницијално беше замислен за поголемиот 2-литарски DOHC мотор од Fiat 132, но заради недостаток на средства лиценцата не можеше да биде откупена и во него се вградуваа моторите од 125p со три лежишта на коленестото вратило и брегаста оска во блокот. Полјаците сепак не се предаваа и во него, посебно за сериите за извоз, вградуваа и други мотори по потекло од Fiat, Ford и Rover, како  и дизели од Peugeot и VM Motori, а развиваа и разни каросериски варијанти – хечбек со три врати, купе, седан, караван, пик-ап…

Polonez опстана на пазарот и откако Daewoo ја купи компанијата FSO и се произведуваше до 2003 година, покрај во Полска уште и во Египет, Кина и Тајланд. Бројките што ги достигна никогаш не беа којзнае колку големи (најдобра година беше 1994-тата со скоро 87 илјади произведени примероци), но затоа нашироко се извезуваше. Најголеми странски пазари за него беа Велика Британија и Франција, а стигна и до некои егзотични дестинации како што се Сингапур, Хаити, Фиџи, Буркина Фасо

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *