Tags:
Ќе може ли Европа да поднесе 100 милиони електрични возила?

Може и повеќе, тврдат експертите

» Европа се одлучи целосно да се префрли на електрични возила, за кои се прогнозира дека до 2035 година на патиштата ќе ги има околу 135 милиони. Нормално, се поставува прашањето – може ли електричната мрежа да поднесе такво оптоварување? Одговорот го побараа експертите од европската унија на електроенергетската индустрија Eurelectric и консултантската куќа EY кои подготвија студија од која заклучокот е јасен – европската електрична мрежа може да поднесе повеќе од 100 милиони електрични автомобили. Меѓутоа, неопходни се подготовки за тоа – дури и со половина од наведената бројка, истовременото полнење на батериите на возилата би можело да ги преоптовари локалните електрични мрежи, заради што неопходна е интелигентна контрола на процесот на полнење. За тоа студијата препорачува дигитализација на електричните мрежи за да се предвиди и оптимизира однесувањето на возачите. Исто така потребни се и интелигентни полначи, но и батерии со големи капацитети во градовите за краткорочно складирање на електричната енергија за ублажување на моменталните пикови, за што можат да послужат и вмрежени електрични автомобили со двонасочни полначи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *