Не гасете го турбо моторот веднаш после брзо возење!

Важно е да се знае

» Додека моторот работи турбо компресорот се лади со моторното масло, па кога моторот ќе се изгаси во истиот момент престанува и ладењето на турбо компресорот и настанува топлотен шок, посебно ако пред тоа се возело брзо, на автопат на пример. Турбо компресорот се загрева и на 900° C и ако после големо оптоварување моторот веднаш се изгаси, температурана на маслото што останало во турбо компресорот расте и преку 500° C. Во такви услови моторното масло ќе изгори, а талогот од изгореното моторно масло може да ги затне каналите за масло. Може да дојде и до деформирање на оската и оштетување на лежиштата бидејќи додека страната на турбината е врела оти ја задвижуваат вжарените издувни гасови, другата страна каде е компресорот која всисниот атмосферски воздух го вдувува во цилиндрите е студена. Со тоа едната страна на оската на турбо компресорот е вжарена, а другата релативно студена. Со гаснење на турбо моторот веднаш после брзо возење големите топлински оптоварувања остануваат и можат да ја искриват оската, која во екстремни случаи може и да напукне. Заради тоа, умно е пред застанување прво да се намали ритамот на возење, а после да се остави моторот да работи во место околу една минута.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *