Tags:
Денешниот ден во ретровизор <br/>4 март 1994 година

Volkswagen не го сакаше

» Историјата на Smart започнува на денешен ден 1994 година кога Mercedes и Swatch ја најавија заедничката компанија и ги претставија концептите Eco Sprinter и Eco Speedster, но до тоа дојде по „заслуга“ на Volkswagen кој три години пред тоа ја одби понудената соработка од швајцарскиот производител на часовници за заеднички развој и производство на мало градско возило. Серискиот Smart се појави во 1998 година кога Swatch се повлече од заедничкиот проект, оставајќи го Mercedes сам да го турка. Во 2014-тата се вклучи и Renault, а од 2019 година Smart е заедничка компанија на германската марка со кинескиот Geely кој ќе биде задолжен за производството на идните модели.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *