На што ви наликува?
» Nissan одамна престана да го произведува Terrano, но неговото име сé уште живее – го најдовме во Русија, каде овој теренец се продава за околу 13.500 евра. Но пред да кажете дека е евтино, добро погледнете ги фотографиите – зад логото, карактеристичната маска за јапонската марка и уште некои други дизајнерски разлики ќе ги препознаете фамилијарните линии на Dacia Duster од првата генерација. Овој теренец се нуди во Русија со две моторни опции, со 1,6 литарски мотор со 114 KS кој преку петстепен менувач ги задвижува предните тркала и со 2,0 литарски агрегат со 143 KS за 4×4 верзијата спарен со шестстепен мануелен или четиристепен автоматски менувач. Внатрешноста очекувано е едноставна, далеку од онаа на другите модели на Nissan но и на нам познатата Dacia.