Tags: , , , ,
Nissan ја обнови доставната гама

Светот на доставните возила станува монотон

» Освен на Mercedes за Citan и T-класата, Renault го позајми Kangoo и на Nissan кој го претстави својот нов доставен адут наречен Townstar. Јапонците заборавајќи дека на почетокот на годината тоа го потврдија, сега не признаваат дека Townstar е Kangoo, но како што се гледа од фотографиите се работи за истото возило, поинаку облечено. Како и да е, ги заменува NV250 (кој исто така е Kangoo ама од претходната генерација) и електричната верзија на NV200. Затоа и сé што е кажано за изведбите со француско (но и германско) лого важи и тука – базиран е на CMF-C платформата на алијансата, бензинската верзија ја задвижува 1,3 литарски мотор со 130 KS а електричната има 122 KS и батерии за автономија од 285 km. Дизел не се споменува, ниту пак се објавени димензиите, туку само е кажано дека ќе биде на располагање во патничка и доставна варијанта. Не е познато кога ќе биде лансиран на пазарот.

Како дел од планот за наново освојување на европскиот пазар на доставни возила, NV300 (кој е Renault Trafic) сега се вика Primastar а NV400 (Renault Master) Interstar. Освен називите, не е прецизно објавено што друго е сменето и унапредено.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *