Tags: ,
Денешниот ден во ретровизор <br/>27 октомври 1995 година

Како сé започна?

» Иако хибридните технологии во возилата се познати од многу порано, слободно можеме да кажеме дека историјата на хибридните возила ја напиша Toyota Prius. Овој дефинитивно еден од моделите кои најмногу влијаеја на правецот на технолошкиот развој на автомобилите се најде во продажба во 1997 година, но својата приказна започна да ја пишува многу порано, во 1993-тата. Тогаш во Toyota се водеше интерна дискусија за возило за 21-от век и беше лансиран проект кој како цел имаше да изнајде начини за револуционерно подобрување на економичноста на возилата, и тоа двојно во однос на тогашните бројки. Основната поставеност на проектот беше одобрена летото 1994, но одлуката за подготвување концептен автомобил кој ќе го промовира технолошкиот развој што го носи беше донесена доста подоцна, дури во јуни 1995 година, оставајќи им на дизајнерите само неколку месеци за работа. Интересно е што првиот концепт на Prius немаше батерии, туку за складирање на енергијата користеше кондензатори.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *