Електричниот погон овозможи да се појават многу нови интересни возила
» Меѓу нив е и Microlino, производ на швајцарската компанија Micro Mobility Systems. И ако некој гласно извикне Isetta, секако дека ќе биде во право – концепцијата и димезниите се скоро идентични со моделот кој беше екстремно популарен во педесеттите, не само во родната Италија. Поголема од мотоцикл но помала од автомобил, таа успеа да ги обедини сите предности на возилата со две и четири тркала. Токму на таа концепција е направен и Microlino – разликата е во погонот кој е целосно електричен, но и во цената, која изнесува околу 12 илјади евра.
За таа количина банкноти се добива стилски двосед кој се движи со помош на електромотор способен да забрза до 90 km/h, брзина која јасно дава на знаење дека е чисто градско возило. Од друга страна, батериите со капацитет од 14,4 kWh овозможуваат автономија од цели 200 km, што значи дека во најголем број случаи ќе треба да се полнат на секои три-четири дена. Должината од само 2,4 метри и вкупната тежина од 513 kg се сосема доволни за превоз на два патника и нивниот багаж во кој може да биде вклучен и електричен тротинет од истиот производител.