Tags: , ,
Mercedes CL C140 (1992-1998) – фото галерија

Последен од SEC серијата, прв од CL класата

» Огромниот и на свој начин привлечен Mercedes од серијата C140 влезе на светската автомобилска сцена како врвен модели во асортиманот на марка, носејќи го педигрето на S-класата. Беше втемелен на луксузните лимузини од W140 серијата, од кои стилски појасно се разликуваше отколку што беше случај со купето од претходната W126 серија. Затоа и во продажната брошура од премиерната година стои дека новиот SEC купе модел нуди доста мала отпорност на ветрот, а уште повеќе на модерните ставови на авто-индустријата.

Годината 1992-ра Mercedes 600 SEC беше најскапиот сериски автомобил произведен во Германија – со својата раскошна опрема таму чинеше 220.020,00 марки, не вклучувајќи ги дополнителните ставки достапни како опции со доплата. Заслужено, би рекле оние кои можеа да го платат бидејќи фасцинантното купе во раните ’90-ти со својот луксуз блескаше како посебна ѕвезда. Технолошки, пак, во многу што беше иновативно. Меѓу сé друго во 1994-тата доби и ESP програма за електронска стабилност. И во останатите аспекти развојот на купе моделот како и кај лимузината од S-класата беше насочен кон понатамошно усовршување на комфорот и безбедноста – од прозорците со двојни стакла за оптимална акустика до електричното подесување на седиштата, кај 600 SEC и со стандардна мемориска функција. Имаше и автоматска контрола на климатизацијата со одвоени зони за возачот и совозачот, а посебна приказна беше внимателно подесеното ослонување кое се состоеше од новоразвиена предна оска со двојни полуги вибрациски одвоена од каросеријата и независно ослонување назад со темелно ревидирана положба на тркалата.

Елегантниот модел имаше премиера на северноамериканскиот меѓународен салон на автомобилите NAIAS во Детроит во јануари 1992 година, а европското деби следеше во Женева во март. На почетокот беа достапни две варијанти –  500 SEC (со V8 мотор со зафатнина од 4.973 cm³ и 320 KS) и 600 SEC (V12 од 5.987 cm³ со /394 KS). Од 1994-тата кога место со ознаката SEC што беше кратенката од S-Klasse-Einspritzmotor-Coupe овие автомобили се едноставно нарекуваа S-Coupe се вклучи и трет модел со 4,2 литарски V8 со четири вентили по цилиндар. Во 1996-тата повторно дојде до измена на номенклатурата и тие конечно беа наречени CL класа.

Со својата единствена комбинација на луксузна елеганција и перформанси оваа серија за шест години колку се произведуваше одушеви 26.022 купувачи. Од нив скоро една третина (поточно 8.573) станаа горди сопственици на топ V12 моделот а значително повеќе од половината (14.953) се одлучија за петлитарската V8 варијанта.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *