Се бројат деновите
» Во очекување на дигиталната премиера на новата C-класа која Mercedes ја закажана за 23 февруари, од германската компанија стигнуваат нови информации за овој модел. Најзначајната е што ќе има исклучиво електрифицирани мотори – од мајлд-хибриди до плаг-ин хибриди. Целокупната понуда допрва треба да биде објавена, но се дознава дека сите до еден ќе имаат четири цилиндри, вклучувајќи ги и топ-моделот C63 AMG.
Како ќе изгледа новата C-класа однадвор и одвнатре, може да се види на видеата.