Уметност на тркала
» Да се биде камионџија не е професија – тоа е начин на живот. Горди на своите големи тркала, камионџиите често го украсуваат својот втор дом, затоа што повеќе време поминуваат во него отколку дома. Понекогаш знаат и да претераат, но ова што го направи Финецот Микс Аувинен надминува сé. Тој е директор на семејно транспортно претпријатие и е познат по својата страст за необични камиони – овој Mercedes Actros не му е прв ваков. За него требаа повеќе од година, 6.000 работни часа и 450.000 евра. За негово опишување зборови не постојат.