Tags: , , ,
И Suzuki ја дефинираше својата електрична иднина (видео)

Доцна, но не задоцнето

» Suzuki претстави важен концепт – електричниот eVX го симболизира почетокот на нова глобална стратегија во која електричната мобилност ќе има централно место. Димензиите му се колку S-Cross, а за електричниот погонски систем не се изнесени детали – засега се потврдени батериите од 60 kWh кои ќе овозможат автономија од амбициозни 550 километри. Дизајниран е веднаш да биде препознатлив како кросовер на марката која има богато наследство на тоа поле. Предниот дел се истакнува со високата хауба, модерни и тенки оптички групи, затворена маска и грубо профилиран браник со теренска заштита. Назад највпечатлив елемент се задните светла кои маат хоризонтален распоред и се поврзани со две ЛЕД ленти. Серискиот модел кој ќе произлезе од него е планиран за лансирање во 2025 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *