Tags: , , ,
Кога државата купува…

Дебелата цена се правда со дебелите доработки

» Американската влада и General Motors започнуваат плодна соработка – компанијата GM Defense која е дел од автомобилскиот конгломерат доби нарачка за првите 10 од вкупно предвидените 200 теренци годишно во наредните девет години за државните служби, за што ќе им биде платено 36,4 милиони долари. Вака високата цена за теренците од моделот Chevrolet Suburban, како велат од GM, е резултат на темелните преработки што од нив ги побара службата за безбедност на дипломатите која ќе ги користи возилата. Спецификациите, нормално, не се објавени но од описот што ќе се менува станува јасно дека всушност се работи за развој како на сосема нов модел на возило. Дека навистина задачата е сериозна сведочи и рокот од две години за испорака на 10-те нарачани теренци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *