Tags: , ,
Mercedes 190 E 2.5-16 Evolution II (фото-галерија)

Сé само не обичен Mercedes

» Mercedes 190 E 2.5-16 Evolution II премиерно беше прикажан во Женева во 1990 година. Лимузината направена во мала серија од само 502 примероци која лесно можеше да се препознае по нејзиното моќно задно крило пленеше со изгледот. За перформансите никој не се сомневаше – Германците никогаш не разочарале во тој поглед. Најмоќниот Baby Benz броеше 235 KS и имаше цена од 115.259,70 германски марки. За споредба, основниот модел 190 Е 1.8 кој имаше 109 KS, беше три пати поевтин. Како од денешен аспект овие бројки не изгледаат стравопочитувачки, треба да се запрашаме што всушност го правеше 190 E 2.5-16 Evolution II толку посебен.

Настана со унапредување на претходната година претставениот 190 E 2.5-16 Evolution, замислен како спортска верзија на регуларниот 190 Е 2.5-16. Неговиот мотор имаше пократок од и поголем пречник, помала тежина на клипниците и коленестото вратило и пар други технички измени, со што лесно  се вртеше до 7.700 вртежи во минута. Доби и менувач со тркачки распоред (прв степен лево доле) – сé беше насочено за што подобро доживување на возењето. Ентериерот беше максимално поедноставен, како и што треба да изгледа внатрешност на еден тркачки модел. Од спортските модификации беше опремен со дополнително засилување на каросеријата и 17-инчни тркала, а највпечатлив елемент секако беше големиот заден спојлер кој за да се оптимизира стабилизациската сила на задната оска, се подесуваше. Ваков, 190 E 2.5-16 Evolution II беше подготвен да биде ѕвезда на DTM серијата, за каде беше засилен на 373 KS.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *