Чудно истражување, исправен заклучок

Вистината од друг агол

» Во Америка за последниве две ипол децении се изградени 50.000 километри нови коловозни ленти на веќе постоечките делници, но времето загубено во сообраќајните гужви се зголемило за 150 проценти. Причината зошто е така се обиде да ја најде една студија на организацијата Транспорт за Америка (Transportation for America – T4A), која заклучи чудни, но сепак вистинити работи. Имено, според неа со проширувањето на сообраќајниците со нови коловозни ленти доаѓа до релаксирање на сообраќајот, но само краткорочно, додека пак на подолг рок луѓето стануваат покомотни во користењето автомобили и, што е посебно изразено, прифаќањето работа подалеку од местото на живеење со што се зголемува километражата што секој ден се поминува. Интересно, нели?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *