Кој друг, ако не Кинезите
» Maybach како епитет за луксуз малкумина можат да си го дозволат, но затоа Е-класата на Mercedes е далеку попристапна. Таа го нема луксузот што го нуди еден Maybach, но барем може да изгледа како него. И тоа за само од 1.000 до 1.500 долари, колку што чини кинескиот комплет за визуелна трансформација со кој E-класата навистина верно личи на Maybach. Тоа го потврдуваат и овие фотографии направени во Индија. Германците сигурно не се среќни, но кој им е виновен кога ги прават своите лимузини толку слични една со друга.