Духовен наследник на LFA
» Точно пред два месеца Toyota ги објави плановите за електрификација покажувајќи петнаесетина концепти кои предизвикаа голем интерес иако поголем дел од нив немаа ниту име. Меѓу нив беше и електричен спортски автомобил на Lexus, кој веднаш беше деклариран како духовен наследник на култниот LFA. Тој уште нема добиено име, но тоа не беше пречка Јапонците да го задоволат интересот на јавноста објавувајќи некои основно податоци за него. Според Lexus, идниот електричен спортист кој ја симболизира иднината на марката ќе забрзува до 100 километри на час за две и нешто секунди и ќе има автономија од 700 километри, благодарејќи веројатно на батериите со цврст електролит. За жал, другото кажано е премногу општо така што ни останува само да го погледнеме видеото.