Сиот луксуз на Toyota на едно место
» Ако се каже само големо, луксузно и скапо, тоа нема во целост да го опише Lexus LX бидејќи треба да се каже најголемо, најлуксузно и најскапо. Најголемо бидејќи LX кој е базиран на најновата генерација на Land Cruiser е долг точно пет метри, широк два и висок за пет сантиметри помалку. Најлуксузно бидејќи тоа што го има внатре не може да се пренесе ниту со зборови, а зошто е најскап не треба да објаснуваме. Всушност доволен е само еден поглед на неговата масивна појава која зрачи со стравопочит за да се сфати вистиноста на сите суперлативи. Затоа, погледнете го видеото.