Tags: ,
Renault Kadjar – наскоро нова генерација

Сигурно без дизели

» Сегашниот Renault Kadjar, за потсетување,  премиерно е претставен на салонот на автомобилите во Женева 2015 година, а при крајот на 2018-тата беше обновен со нешто малку дизајнерски детали и освежена понуда погонски агрегати. Тоа значи дека идната 2022-ра Kadjar ќе биде стар веќе седма година, која според пазарната логика  треба да му биде последна. Затоа и Renault-овите инженери веќе наголемо се подготвуваат за смена на генерациите. Тестните прототипи се на патиштата каде прекриени со камуфлажни фолии кои ги сокриваат деталите ги уловија папараци-ловците на автомобилски новитети. На нивните фотографии се забележува дека новиот Kadjar ќе има поинаку формирана поширока маска и други светла напред, додека назад местото за регистарската табличка ќе биде подигнато од браникот на поклопецот на багажникот. Исто така видливо е и дека крилата се помалку изразени што во дизајнот му се замеруваше на сегашниот модел, а ревидирана е и линијата на покривот.

Од техничка страна треба да се очекуваат позначајни измени, пред сé во моторната понуда во која Kadjar во својата втора генерација скоро сигурно ќе се ослободи од дизелите, а веројатно е и дека бензинците на некој начин да бидат хибридизирани. Се зборува и за електрична верзија, но таа може да биде и сосема нов модел кој ќе се нуди паралелно, но под друго име – прочитајте повеќе тука.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *