Tags: , ,
Kia xCeed после фејслифтингот (видео)

Обновена однадвор и одвнатре

» Рецептот на Корејците беше успешен – Kia само во Европа продаде 120 илјади примероци од xCeed, чие време за фејслифтинг дојде. Затоа и сега тие не експериментираа – измените се само козметички. Среќаваме нови ЛЕД светла, освежена маска и браници кои освен што го продолжуваат за 25 mm напред и 60 назад, овозможуваат светлата за магла да бидат поместени и воздухот што струи околу автомобилот поинаку да се насочи. Во понудата ќе биде вметната и GT-line верзијата што ја познаваме од обичниот Ceed која има спортски додатоци и пониски всисници за воздух кои ѝ даваат поагресивен изглед. GT-line ќе добие и црна облога на покровот, спортски засечен управувач и посебно обликувани седишта.

Под хаубата без изненадувања – ги среќаваме еднолитарскиот трицилиндричен мотор со 120 KS, поголемиот 1,5 литарски со 160 и убедливиот 1,6 литарски со 204 KS, сите турбо и со директно вбризгување на горивото. Дизелот од 1,6 литри со 136 KS останува, како и плаг-ин хибридот со 141 KS кој на струја ќе помине 58 km.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *