Tags: , ,
Денешниот ден во ретровизор <br/>17 јули 1945 година (видео)

Првиот масовно произведуван цивилен Jeep

» Откако стана јасно дека сојузниците ја добиваат војната, Willys започна да се подготвува за цивилните времиња и подготви две серии прототипи на Jeep. Искуствата собрани со нив доведоа до моделот CJ-2A чие производство започна на 17 јули 1945 година. Ознаката на овој универзален теренец му беше кратенка од цивилен Jeep кој од воената верзија се разликуваше во детали – имаше задни светла, друг менувач, поголеми седишта, поквалитетен платнен покрив, поинакви светла и маска и други детали. Основната верзија доаѓаше само со возачко седиште и еден ретровизор, еден бришач, едно задно светло и без греење, покрив и врати кои беа платнени. Оваа прва масовно произведувана серија на Jeep траеше до 1949 година, до кога беа направени 214.760 примероци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *