Tags: , , ,
Денешниот ден во ретровизор <br/>26 ноември 1968 година

Автомобилот што го спаси Audi од пропаст

» Втората светска војна остави длабоки последици на Audi и останатите производители кои го сочинуваа Auto UnionHorch, DKW и Wanderer. Сите нивни фабрики останаа во источниот дел од Германија и беа демонтирани од страна на советските окупациски власти како воени репарации, а компанијата беше затворена. После тоа во западниот дел од земјата беше основана нова компанија со истото име, на која не ѝ тргна баш најдобро. Во 1958 година ја презеде Daimler, кој иако инвестираше, не ја дефинираше нејзината иднина. Во 1964 година таа премина во раце на Volkswagen, кој го интересираше само сосема новата фабрика во Инголштат. Од неа беа симнати знаците на компанијата а на раководството ексциплитно му беше забрането да развива нови модели. Затоа и инженерите, стравувајќи дека VW нема долгорочни планови за нивната компанија, во тајност го развија првиот Audi 100 и му го претставија на тогашниот директор на Volkswagen, кој беше толку импресиониран што веднаш го одобри проектот.

Дека одлуката му беше исправна новинарите се уверија на денешен ден 1968 година кога беше претставен серискиот модел, кој тие го нарекоа анти-Mercedes од Инголштат. Имаа право, бидејќи со елегантната каросерија, механиката изведена од напредниот Audi 72, 1,8 литарските бензинци со 80, 90 и 100 KS кои ги задвижуваа предните тркала и тогаш богатата опрема, стана статусен симбол и влезе во ринг со угледните конкуренти од Штутгарт и Минхен. На почетокот се продаваше само како седан со четири врати, а подоцна беа додадени и верзијата со две врати и купе изведбата која имаше посилен мотор со 115 коњи.

Првата генерација на Audi 100 се произведуваше до 1976 година. Вкупно беа направени 827.474 примероци, од кои 30.687 купеа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *