Tags: ,
И Peugeot ќе нуди само електрични автомобили

Струјата победи и кај Peugeot

» До пред еден месец Peugeot беше против обврската да нуди само електрични возила и како дел од Stellantis не ја потпиша декларацијата од Глазгов со која се предвидуваше 2035-та да биде датум од кога возилата со класични мотори повеќе нема да го носат нивниот знак, навестувајќи дека имаат поинакви планови. Дека тоа не беше лош сигнал како што беше протолкувано француската марка потврди со својата најнова изјава во која децидно се наведува дека од 2030 година ќе нуди исклучиво електрични автомобили, но само во Европа – на другите региони и понатаму ќе бидат присутни бензинските возила, а дизелите не ги споменаа. Французите веќе ја започнаа својата електрична транзиција и тоа доста силовито – погонската група од 208 се рашири насекаде низ гамата каде технички можеше, а сега се работи на електрификација и на 308.

Добар дел и од другите марки кои го сочинуваат Stellantis веќе најавија дека ќе станат електрични.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *