Tags: , ,
H2X Snowy

Нова автомобилска надеж за Австралија

» По затворањето на фабриките на Holden, Австралија остана без автомобилска индустрија. Сепак постои надеж во не така далечна иднина на јужниот континент повторно да се произведуваат возила – овојпат со погон на водород. Зад проектот стои Брендан Норман, поранешен менаџер на BMW и Volkswagen во Австралија. Неговата фирмата наречена H2X веќе започна со развој на разни возила користејќи технологии кои ќе бидат набавени од други производители – платформи, горивни ќелии, батерии… Планот беше производството да започне летово, а првите прототипи веќе требаше да бидат премиерно претставени. Но, пандемијата го одложи тоа.

Се работи за камион и автобус, додека првиот автомобил ќе пристигне во 2023 година. Тој ќе биде кросовер со ознака Snowy и ќе има систем горивни ќелии од 60 kW и електромотори од 190 kW. Норман планира неговата компанија во 2025 година да вработува 5.000 луѓе и да произведува околу 25.000 возила годишно, кои освен во Австралија би се продавале и на некои пазари во Азија, а можеби и во Европа. Во моментов таму работат 70 вработени, а планирано е производство и на трактори и друга земјоделска механизација со погон на водород.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *