Tags: ,
Продажбата на возила со мотори со внатрешно согорување прекинува во 2040 година

Несогласувања околу целосната електрификација

» Прекинуваме со продажба на возила со мотори со внатрешно согорување – решија 24 држави и 6 големи производители на возила кои на самитот за климатски промени КОП26 најавија дека ќе потпишат декларација со која се предвидува од 2040 година да нема повеќе ниту бензин, ниту дизел возила, туку само на струја. За жал, меѓу нив ги нема најголемите – САД, Кина, Јапонија, Франција, Германија… Некои од нив ваквата своја одлука ја образложуваат со формални прашања поврзани со политички промени, некои пак не се ни трудат да ја образложат. Најголемите ги нема ниту меѓу производителите на возила – Volkswagen и Toyota се жалат дека им требаат суровини, нови рудници, циркуларна економија и тврдат дека капацитетот на батериите и изградбата на мрежи за полнење кои ќе користат обновлива енергија ќе бидат тесни грла за тие да исполнат такво ветување. Без вакво образложување, но со идентичен став да не се обврзат на ништо се и Stellantis, Honda, Nissan, BMW, Hyundai

Така, останува на General Motors, Ford, Mercedes, Jaguar Land Rover, Volvo и кинескиот BYD, заедно со земји како Холандија, Данска, Шведска, Словенија, Норвешка, Исланд но и Индија и некои сојузни американски држави како Калифорнија и Њујорк, да ја истуркаат електрификацијата до 2035-та или порано на водечките пазари, а до 2040 година за останатите. Секако, останува и да се одреди кои пазари ќе се смета за водечки, а кои ќе бидат меѓу останатите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *