Tags: , ,
Денешниот ден во ретровизор <br/>27 јануари 1934 година

Толку беше напреден што се загуши самиот себе си

» Chrysler Airflow и неговиот истоимен пандан под знакот на DeSoto на денот на отворањето на салонот на автомобилите во Чикаго во 1934 година предизвикаа невидена сензација и дотогаш и после тоа бидејќи толку беа напредни што нивниот футуристички ултрамодерен „аеро“ дизајн испадна премногу драматичен и револуционерен за повеќето купувачи да можат да го сварат. Тие едноставно се исплашија од неговиот различен изглед што не се ни осмелија да погледнат што навистина нуди и каква механика има, така што сите негови инженерски предности, како што беше самоносечката каросерија прва во светот дизајнирана во воздушен тунел и скоро идеалната дистрибуција на тежината меѓу оските која му даваше невидени возни својства, остана длабоко закопана под аеродинамичната силуета која оставаше без здив. Но без здив останаа и раководителите на производствените погони во Chrysler кои не можеа да излезат на крај со напредните техники што развојните инженери им ги оставија да ги произведуваат и возилата беа полни со дефекти. Сé на сé, продажбата катастрофираше и Airflow после три мачни години на пазарот замина во пензија без наследник.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *