Tags: , ,
Fiat 850 (1964-1973) – 6*видеа

XL Фиќо

» Економскиот развој на Италија на почетокот на шеесеттите го поттикна Fiat да развие модел кој ќе ја пополни празнината во гамата под 1100. Прво се размислуваше за сосема нов автомобил, но идејата беше отфрлена и мудро беше одлучено да се искористи успехот на 600 и да се понуди модел кој би имал заеднички основни карактеристики но истовремено би бил поголем, покомфорен и генерално попрефинет. Механиката со моторот сместен назад зголемен на 843 cm³ и засилен на 34 KS беше задржана, а каросеријата продолжена и малку проширена. Секако, за дизајнот беше задолжен Данте Џакоза кој му подари модерни линии. Со текот на годините Fiat 850 беше благо унапредуван, а вистински погодок беше претставувањето на 850 Coupe и 850 Spider моделите базирани на него. Беше направено и комби со ознака 850 Familiare.

Овој модел кој лиценцно го произведуваа Zastava, Seat, Pirin-Fiat и Neckar остана во понуда до 1973-тата, две години по појавувањето на 127 како негов наследник. Вкупно беа направени скоро  2,3 милиони примероци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *