Tags: , , ,
Peugeot e-2008 ја доби наградата Argus Trophy 2021

Argus Trophy 2021 за Peugeot e-2008

» За ова издание на Argus Trophy, доделувањето на наградите се одржа на дигитална ТВ-програма на 28 јануари 2021 година. Како домаќин на настанот беше новинарката Марго Лафит. На списокот со наградите доминираа електричните возила, а Peugeot e-2008 се истакна со освојувањето на наградата во категоријата електричен SUV. Овој триумф во ерата на енергетската транзиција претставува особена чест за брендот. Peugeot 2008 се истакнува во компактниот SUV сегмент и допринесува во успехот на гамата на марката денес, со посебно докажувајќи се во дизајнот и истакнувајќи се преку иновациите и технологиите. Овој прв електричен SUV на Peugeot го отвора патот кон новиот свет на сензации. 100% електричен, возачот ќе ужива во висок степен на функционалност во возило кое е потполно тивко и без вибрации.

Од неопходните елементи кои го обележуваат брендот посебен акцент е ставен на неговото динамично однесување, со што новиот e-2008 обезбедува уникатно чувство и задоволство при возење во споредба со бензинските и дизел верзиите. Во Франција се продадени повеќе од 66.000 единици на 2008 во 2020 година, од кои скоро 10% беа електрични. „Само што ја преземав функцијата извршен директор на брендот, јас сум многу горда и почестена што ја примивмe наградата Argus Trophy за Peugeot e-2008. Добивањето на овој трофеј е јасен доказ за моќта на заведување на овој модел и ги наградува неговите извонредни перформанси. Тој исто така е совршено усогласен со нашата енергетска транзиција бидејќи 100% од нашата гама ќе се електрифицира во 2025 година“ – рече Линда Џексон, новиот извршен директор на марката Peugeot.

Оваа награда ја додели жири составено од 18 стручни новинари во категориите Rating и Argus. Рангирањето се одредува според следниве критериуми: набавна цена на ново возило, преостаната вредност, потрошувачка и услуги при употреба (квалитет, комфор, задоволство при возењето и дизајн). Peugeot e-2008 го освои првото место на подиумот пред Audi e-Tron Sportback, Mazda MX-30 и Volvo XC40 P8.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *