Tags: ,
Fiat станува електрична марка

Крај на една, почеток на нова ера

» Она што веќе некое време се најавуваше, сега е официјално – од 2027 година Fiat станува електрична марка. Тоа беше објавено од страна на Stellantis во финансискиот извештај за минатата година, кој ги вклучуваше и стратешките планови за иднината. Како дел од својата стратегија, Fiat оваа или идната година ќе претстави сé уште непознат електричен модел. За остварување на своите цели за електрификацијата, Stellantis ќе вложи преку 35 милијарди долари до 2025 година. Дел од парите ќе отидат за трансформација на фабриката Мирафјори во Торино во производствен центар за електрични возила, а во Италија ќе се гради и фабрика за литиум-јонски батерии.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *