Tags: ,
И Audi Q3 и Q3 Sportback станаа плаг-ин хибриди

Хибридни 245 коњи за Q3 и Q3 Sportback

» Audi забрзано работи на електрификација на својата гама, спуштајќи ги плаг-ин хибридните погонски групи во пониските сегменти. Така, ако марката од Инголштат досега ги нудеше Q5, Q7, A6, A7 и A8 во еколошко пакување, од средината на јануари европските купувачи ќе можат да ги нарачаат и Q3 и Q3 Sportback во плаг-ин хибридни верзии. Имаат ознака 45 TFSI e и во нив се искомбинирани 1,4 литарски бензинец со 150 и електромотор со 116 KS, интегриран во шестстепениот DSG менувач. Со заеднички сили тие на предните тркала испорачуваат 245 KS и 400 Nm, а литиум-јонските батерии од 13 kWh доволно струја за поминување и до 60-тина електрични километри со максимални 140 km/h. За забрзување до 100 km/h требаат 7,3 секунди, а максималната брзина изнесува 210 km/h. Според фабричките податоци овие модели се за 10 mm повисоки од стандардните, а имаат и нешто помал багажник.

Цената на Audi Q3 45 TFSI e во Германија изнесува 46.000 евра, а на неговата Sportback верзија 1.400 евра повеќе. Следни на списокот на Audi за електрификација се A3 и Q8.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *