Tags: , , ,
Ferrari SP48 Unica – Фото галерија, видео

Rock Me Baby

» Да се има нешто уникатно е повеќе од престиж, а да се има уникатен Ferrari е исто како да се има уметничко дело. Затоа и одделението задолжено за уникатни креации работи со полна пареа – како и другите, и најновото нивно дело создадено на барање на специјален купувач предизвикува многу емоции.

Ова парче уникатна автомобилска уметност наречено SP48 Unica е одраз на очигледно истенчениот вкус на непознатиот негов сопственик. Атрактивниот дизајн кој го обликува неговото витко тело ги крие технологиите на F8 Tributo. Црвена боја кога се гледа под одредени агли наликува на розева или портокалова. Црните предни столбови визуелно го интегрираат ветробранското со бочните стакла. Отворите за воздух во браникот тридимензионални, а острите предни светла повеќе потсетуваат на Roma. Со еден збор, уникатно модерно.

SP48 Unica и назад каде ги нема карактеристичните светла ниту задното стакло, изгледа уникатно модерно. Внатрешноста скоро е идентична со донаторот, а погонот останува тајна иако самиот факт што од Ferrari не го споменуваат може да значи дека нема измени. Ако е така, тогаш SP48 Unica го има 3,9 литарскиот V8 кој создава 720 KS и 770 Nm доволни за лансирање за 2,9 секунди до 100 и максимални 340 km/h. Но, цената сигурно не е идентична – таа со гаранција е многу, многу повисока од 250.000 евра.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *