Уличен тркач од Холандија
» Ретко кој има слушнато за холандската мануфактура, ама тие што слушнале знаат дека се работи за малосериски производител на ултимативни и ултралесни спортски автомобили. Таков е и нивниот најнов модел Donkervoort F22 кој има хибридна шасија од челични цевки со тенки ѕидови и јагленородни влакна, заради што тежи само 750 kg. Затоа и со помош на 2,5 литарскиот петцилиндричен турбо мотор со 500 коњски сили и петстепен менувач, овој уличен тркач со две седишта до 100 km/h забрзува за само 2,5 секунди и постигнува 290 km/h. Ќе бидат направени само 75 примероци, по цена од 245.000 евра + давачки. Испораките започнуваат веќе наредниот месец.