Tags: , , ,
Aston Martin DB4 (1958-1963) – видео, фото галерија

Потполно нов, токму како за Џејмс Бонд

» Првиот целосно нов Aston Martin од DB серијата беше претставен во 1958 година и до денешен ден е еден од најубавите автомобили во историјата. Настана со инсистирање на Дејвид Браун за потполно нов автомобил на кој се работеше шест години. Дизајнот за кој се погрижи Carrozzeria Touring од Милано предизвика сензација кај публиката на салонот на автомобилите во Лондон каде DB4 беше претставен. Во неговата конструкција беше употребено и доста алуминиум, со кој новиот 3,7 литарски мотор со 240 KS лесно се справуваше, дотерувајќи го автомобилот до 224 km/h и забрзувајќи го до 100 km/h за само 9,3 секунди. Иако беше пократок од претходникот, имаше повеќе простор на задните седишта, за што Aston Martin претходно беше доста критикуван и продажбата му стартуваше доста задоволувачки. Во 1959 година беше претставена олеснетата GT верзијата со 302 KS, која италијанскиот специјалист Zagato ја преработи со свој дизајн и малку посилен мотор, а две години подоцна се појави и реката кабриолет изведба.

Со произведените 1.204 примероци DB4 стана најуспешниот Aston Martin дотогаш. Треба да се спомене и дека Џејмс Бонд го „пропушти“ овој модел иако ќе му беше сосема по мерка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *