Но сега навистина од иднината
» DeLorean се враќа на пазарот, овој пат со електрично купе наречено Alpha5. Инспирирано од оригиналниот DMC-12, стилизирано е во Italdesign. Премиерата му е закажана за август, но неговите креатори не можеа да се воздржат и ни пласираа сет фотографии и пар основни податоци. Должината му е пет метри, широчината нешто над два а вратите кои се отвораат нанагоре овозможуваат пристап и до задните седишта. Заради одличната аеродинамика со коефициент на отпор на воздухот од 0,23 батериите од 100 kWh ќе му овозможат автономија од 480 km. Моќноста на електромотор не е позната, но затоа се знае дека до 96 km/h забрзува за 2,99 секунди. Максималната брзина му изнесува 250 km/h, а производството ќе му започне дури 2024 година. Во план е да се направат само 88 примероци.