Tags:
CVT континуирана трансмисија (3*видео)

Добар за автомобилите, одличен за скутерите

» CVT е кратенка од Continuously Variable Transmission, во превод континуирано променлива трансмисија што всушност објаснува што значи. Често се нарекува континуиран менувач иако не е менувач бидејќи за разлика од мануелните или автоматските менувачи тој нема запченици со различен преносен однос кои се менуваат. Меѓу автомобилите го лансираше холандскиот DAF при крајот на ’50-тите години – прв со ваква трансмисија беше моделот 600. Сепак овој тип трансмисија не е од понов датум – концептот го има опишано уште Леонардо да Винчи. Првиот уред го има направено Милтон Ривс во 1879 година за користење во пилана, а подоцна започнува да ги вградува и во автомобили.

Современите безстепени трансмисии имаат челичен сегментен каиш кој ја пренесува силата. Покрај него главните делови му се двете ременици составени од по два конуса кои со доближување или оддалечување еден од друг го менуваат пречникот по кој каишот се врти. На тој начин се менува преносниот однос. CVT трансмисиите имаат многу предности во споредба со класичните менувачи, но и две значителни мани – скапи се, и имаат нешто поголеми губитоци на сила. Автомобилите со нив се побавни, имаат послабо забрзување (проследено со поголема бучава) и трошат за нијанса повеќе гориво. Најприкладни се за помалите автомобили, но се среќаваат и кај поголемите и помоќните – Williams имаше серија успешни тестови пред да бидат забранети за употреба во формула 1. Денес се неизоставни кај скутерите, а и скоро сите хибридни автомобили се опремени со нив. Дел од производителите ги имаат во понуда како алтернатива за автоматските менувачи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *